english
           дома
  
 
За нас     Предмет на работа    Услуги    Ризици    Видови осигурувања    Контакт    Регистар



Дали имате брокер за осигурување?
                                   

Ако имате, спијте мирно!

ПОТРЕБА ОД БРОКЕР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ

1.       Како резултат на активностите за Евро-интеграција, на Македонскиот осигурителен пазар се случија многу промени како:
·   донесување на нов Закон за супервизија на осигурувањето,
·   влез на странски капитал во некои осигурителни компаниии
·   отворање на нови компании за осигурување и др.
со кои се создадоа вистински пазарни услови на работа со зголемена понуда и конкуренција. Сето ова покрај другото повлекува и ризик на кој неминовно ќе бидете изложени.
2.       Имајќи во предвид дека осигурувањето е многу комплексна и сложена област, потребни Ви се знаење, стручност и искуство.
3.       Кај брокерот ќе ги најдете сите полиси од сите осигурителни компании, ќе ги споредите, ќе добиете стручен совет и препорака, ќе направите избор.
4.       Во зависност од видот на осигурувањето, кај брокерот полисите може да ги добиете по иста цена како што би ги набавиле директно од осигурителната компанија, или со додатни услуги и привилегии да договорите друга цена.
5.       Кај брокерот може да договорите посредување во евентуално оштетно побарување, со пријава на штета, процена, се до исплата на истата.

Од овие и многу други причини се наметнува потребата од независен и стручен посредник чија должност ќе биде да ги штити Вашите интереси. Заштедувате време и средства, немате нервози а ризикот е сведен на минимум.